Press "Enter" to skip to content

“Патување низ епохите на операта“ концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска во Офицерски, во Битола (фотогалерија)

Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа првиот концерт на класична музика на овогодинешниот “Бит фест“ насловен како “Патување низ епохите на операта“.На овој уметнички настан со врвни музички имиња настапија Давор Неќак – баритон и Горјана Стојановска – пијано. Гости  на концертот кој привлече голм број на љубители на класичната музика беа Биљана Јосифов – сопран и Симон Поповски – виолина.На концертот беа изведени делата:

-G.F.Handel – Ombra mai fu ариза од операта „Xerxes”

-G.F.Handel – Rejoice greatly ариа од „Messiah”

-C.W. Gluck – Che far senza Euridice ариза од операта „Orfeo ed Euridice”

-W.A.Mozart – Deh vienni alla finestra ариза од операта „Don Giovanni”-W.A.Mozart – Papagena..Papagena.. ариа од операта „Die Zaubeflöte”

-С.Рахманинов – Весь табор спит ариа од операта „Алеко”

-A.Dvorak – Mésicku na nebi hlubokém ариа од операта „Rusalka”

-P.Mascagni – Cavalleria rusticana, Интермецо

-R.Leoncavallo – Nedda & Silvio дует дует од операта „Pagliacci”

-R.Leoncavallo – Увертира на операта „Pagliacci” и ариа „Si puo” од истоимената опера.Давор Некак е роден во Битола во 1998 година. Основното музичко образование го започнува како пиранист каі проф. Татјана Божиновска, а средното го продолжува на соло пеење каі проф. Маја Митровска. Студира на Музичката академиа во Загреб во класата на проф. Влатка Оршаник. Уште во втора година добива улога во Хрватската национална опера (Моралес – „Кармен”) и активно учествува во сите академски проекти. Добитник е на Ректоровата награда и трипати настапува како солист со Загрепската филхармониза. Двапати е номиниран за надобар млад солист во Хрватска. Од 2023 година е солист во Националната опера во Загреб и редовно гостува во оперите во Љубльана и Марибор. Соработува со врвни диригенти како Пер Цорцо Моранди, Иван Репушиќ, Марчело Мотадели и режисери како Арнауд Бернард. Марио Понтица, Фабрицио Мелано.Горјана Стоановска е родена во Битола. Музичкото образование го започнува на осумгодишна возраст во ДМУ – Битола, каде матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, првите две години ка проф. Борис Романов, а дипломира и магистрира ка проф. д-р Марија Гошевска (2017, 2019). Во 2018 година се запишува на усовршуванье на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија, ка проф. м-р Рубен Далибалтаан, кое успешно го завршува во 2020 година. Во 2011 и 2014 настапува како солист со Македонската филхармониа, а во 2024 година настапува во Виена како солист со камерниот оркестар на Националната опера и балет. Од 2021 година работи како наставник по пијано во ДМУ – Битола.

Билјана Јосифовска родена во крушево во 1989 година е истакната македонска оперска пезачка – сопран, позната по вокалната суптилност, драмската експресивност и музикалноста. Образованието го започнува во Битола, а го продолжува на ФМУ – Скопе, каде дипломира и магистрира со нависоки почести (Cum laude) во класата на проф. Славица Галиќ -Петровска. Оперската кариера j започнува на 18 години и денес е солист во Националната опера и балет – Скопе. Концертно соработува со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на Битола и ансамблот „Ба-Рок”, изведуваки дела од Бах, Моцарт, Хендл, Бетовен, Праснер.Симон Поповски е виолинист роден во Битола во 1991 година. Музичкото образование го започнува на осумгодишна возраст ка Ванчо Стоилков. Завршува додипломски (2014) и магистерски студии (2018) на ФМУ – Скопе, а втора магистратура (2022) во Бока Ратон, Флорида, САД. Усовршуваньето го продолжува преку семинари со реномирани професори како Меи Меи Луо, Сихана Бадивуку, Олег Кондратенко, Благоја Димчевски и др. Добитник е на брони награди од државни и мегународни натпревари. Првиот ангажман во симфониски оркестар го има во 2007 co World Youth Symphony Orchestra во САД. Како солист има настапи со оркестарот на Музичка младина, ФМУ – Скопје, Камерниот оркестар на Битола, FAU – Флорида и други. Има концертна активност во САД. Европа и Кина. Моментално е вработен во Камерниот оркестар на Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »