Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за програмата за празнување на 4-ти Ноември

Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.

Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод празнувањето на „4 ти Ноември“.

– музичка и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– традиционални настани

– спортски настани

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто  износ од 900.000 денари.

Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. – 10.11.2025.

 Повеќе иформации за повикот објавени се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/4-noemvri/.

More from ВестиMore posts in Вести »