Press "Enter" to skip to content

ЈП “Паркинзи“ Битола: утре затворен паркингот зад библиотеката

Почитувани корисници на услугите на паркингот зад градската библиотека, Ве известуваме дека утре (08.07.25) од 07 часот наутро паркингот ќе биде затворен.

Заради средување на гранки кои претставуваат опасност, работници на ЈП Комуналец ќе изведат работи за отстранување на истите. Работните активности ќе траат се до попладневите часови.

На приодот од паркингот и на првата половина од истиот паркирањето ќе биде забрането, а возилата кои ќе бидат затекнати на другата половина на паркингот нема да можат да го напуштат истиот се до завршувањето на активноста.

More from ВестиMore posts in Вести »