Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 36 степени

Денес, вторник, 8 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 36 степени.

Утре, среда, 9 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер. Температурата во Битола до 33 степени.