Press "Enter" to skip to content

Пожарот на тревна површина во дворот на Клиничка болница целосно изгаснат

На тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски” во Битола синоќа избувнал во кој горела сува трева. 

-Примена била  дојава во 23:40 часот за запалена трева кај модуларната болница – Битола ТППЕ Битола интервенираше со 1 возилo и 4 пожарникари. Пожарот е целосно изгаснат каде гореше сува трева и не постои опасност за резервоарот со О2, соопштија од Противпожарната служба од Битола.

-Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено. Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки, велат од Министерството за здравство.