На 07.07.2025 во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 41 годишно лице од Битола. Имено, додека полициските службеници извршувале службени дејствија на ул. „Илинденска” во Битола, го запреле пријавениот кој управувал мопед, при што тој агресивно се однесувал, упатувал навреди и закани кон полициските службеници, по што во еден момент со цел да спречи да се изврши прегледот врз него и врз мопедот се оддалечил од мопедот и пробал да се даде во бегство. Истиот бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.07.2025 во 12.15 часот, во СВР Битола било пријавено дека 62 годишник од Битола на ул. „Илинденска” во Битола го нарушувал јавниот ред и мир, при што скршил ретровизор од патничко моторно возило сопственост на друго лице од Битола. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.






