Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за ангажирање 30 невработени за заштита од пожари и пошумување

Се повикуваат сите  невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување Битола.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.  (средства обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки).

Заинтересираните лица, повеќе информации може да добијат на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/prevencija-od-pozari/