Press "Enter" to skip to content

Фламенко вечер во Битола со Валентино Гиковски – фламенко гитарист, во Pionerski book Bar (фото)

-Во прекрасната летна јулска вечер на терасата на “Pionerski book Bar & Apartments“ во Битола присутните гости уживаа во ритамот и страста на фламенко  музиката со Валентино Гиковски, еден од водечките фламенко гитаристи во Австралија.

-Валентино Гиковски е познат и по аранжирањето и продуцирањето на сопствените фламенко композиции.По потекло од Битола, роден  во Мелбурн, Австралија каде заминале неговите родители во 70 години од минатиот век. Неговиот татко Станче Гиковски бил пејач и гитарист.  Валентино го покажал својот  талент за музика и гитара уште од многу мала возраст, почнал да свири на 3 годишна возраст. Неговиот прв учител по гитара  неговиот татко Станче го учел на многу стилови на музика. Тој бил и главното влијание на Валентино за фламенкото, иако тој не бил фламенко гитарист, имал страст за жанрот и редовно слушал фламенко музика.

Подоцна во тинејџерските години, Валентино почнал професионално да свири со својот татко на разни настапи, вклучувајќи јавни и приватни настани. Во тој период  развил и афинитет да учи други инструменти како што се клавијатури, бас и перкусии.Денес тој е виртуоз на гитара и маестро во фламенко музика. Синоќа настапи на терасата на Pionerski book Bar & Apartments, пред битолчани, каде направи атмосфера во ритамот на фламенко.

За својот настап пред битолчани синоќа  возбудено изјави:-Многу ми е мило што настапувам тука заедно со мојот син Жан Гиковски. Вечерва ќе настапиме со  микс фламенко музиак, но и рок композиции кон кој жанр  афинитет има мојот син. Роден сум од Битола,  мојот татако Станче Гиковски живееше на улица “Солунска“. Мојот дедо Ристо Гиковски  во Народниот театар во Битола, глумеше со старата гарда актери како Бабецот, Ацо Стефановски… Потоа моите заминаа во Мелбурн, Австралија каде сум роден. Мојот татко Станче свиреше и пееше мексикански музика. Од него учев уште од три години, за да подоцна настапував со него.

-Порано доаѓавме почесто во Битола, но овие последни години заради случувања корона криза и слично немаме дојдено од  2018 година. Затоа среќен сум што сум тука во Битола, каде ја запознав и мојата сопруга Аница во 2002 година, со која имаме две деца синот Жан кој настапува вечерва со мене и ќерка Ема, рече Валентино, кој за својата професија додаде:-Денес продуцирам музика, имам свое сопствено студио “MUSIC PRO SERVICES“ каде снимам и продуциарам музика за млади музичари. Исто така добив грант од општината со кој ќе промовирам млади талентирани музичари. Во Австралија соработував со музичари од Битола, а тоа се првите металци во Австралија од тука Тони Бакале и Ѓоко Вампиро. Оние кои присуствуваа синоќа на Фламенко вечер со Валентино Гиковски, слушаа виртуозна гитара, емоција што продира длабоко во прекрасната летна вечер.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »