Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 од Битола има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот. Во тој правец денес потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.
-Илија Илијевски се обрвза на соработка во нашиот клуб до јуни 2029 година. Се работи за 15-годишно момче, веќе високо 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино, соопштија од клубот.
Новиот „џин“ во ростерот на Еурофарм Пелистер 2 ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Еурофарм Пелистер 2 се засили во десен бек, 15 годишниот Илија Илијевски доаѓа од Вардар Неготино
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- СВР Битола: битолчанец со “мерцедец“ возел со 3,23 промили алкохол во крвта, возел без возачка и без регистрација и направил сообраќајка на “Илинденска“
- Денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден (“Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 14 степени
- Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва
More from СпортMore posts in Спорт »








