Денес, понеделник, 14 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 35 степени.
Утре, вторник, 15 јули, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени.






