Press "Enter" to skip to content

Бронзен европски медал за боксерот Арабел Рустемовски од Пелистерки јунак од Битола

-Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија, беше поразен на поени.

Боксерот на Пелистерски јунак од Битола и воедно младиот македонски репрезентативец, Арабел Рустемовски, забележа голем успех на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија каде настапија над 200 машки и женски боксери од над 20 земји во 13 тежински категории.

Рустемовски се враќа во Битола со бронзен медал, што е негов најголем успех во кариерата, а и еден од најголемите на неговиот клуб Пелистерски Јунак.  Ова е голем успех за Арабел, Македонија и битолскиот бокс, посевно за фамилијата Рустемовски, бидејќи ова е втор медал по оној на Ален Рустемовски.

Рустемовски е поразен, но може да се коментита и одлуката на судиите, кои одлучија на поени победа за Ерменецот.

Рустемовски на Европско првенство јуниори во категорија до 52 килограми на стартот на првенството забележа две победи  над Денис Мисиук (ИБА) 5:) и над Арабел Рустемовски –Теодор Јосијевиќ (Србија) исто тка со резултат 5:0. Во полуфиналето Рустемовски е поразен од Владимир Мшецјан (Ерменија) со резултат 1:4.