Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 33 степени

Денес, вторник, 15 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за ќе има локален развој на нестабилна облачност. Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, среда, 16 јули во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени.