Press "Enter" to skip to content

Околу еден милион долари од Министерството за одбрана на САД за доопремување на новата противпожарна зграда

-Првата фаза со средства од буџетот на општина Битола во вредност од 52.824.773, 00 денари, на парцела од 3.300 м2, со корисна површина од 1.600 м2, до фаза на карабина, со поставена дограма.

На 14 јули, на официјалната страница на американската влада за јавни набавки, беше објавен тендерот за втората фаза на реализација на новата противпожарна зграда, односно јавната набавка за финалното доопремување на објектот, преку грантот од Министерството за одбрана на САД.  (https://sam.gov/opp/0bcc3e1c943648779e7e4527bba8a91f/view)

До 13 август, ќе се собираат понудите, по што ќе започне реализацијата на втората фаза од проектот, со што новата противпожарна зграда ќе стане функционална.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, го посетија објектот, каде што веќе е реализирана првата фаза со средства од буџетот на општина Битола во вредност од 52.824.773, 00 денари, на парцела од 3300 м2, со корисна површина од 1600 м2, до фаза на карабина, со поставена дограма.

-Втората фаза, преку грантот на Министерството за одбрана на САД, опфаќа дел на архитектура, со кој објектот ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Преку грантот ќе се уредат канализациониот и водоводниот систем, механички инсталации за греење и ладење на објектот, електрични инсталации, партерно уредување, патна инфраструктура соодветна за пристапот на возилата од сервисна улица СТУ 9, потпорни ѕидови, сообраќаен проект со соодветна предвидена сигнализација, како и противпожарни инсталации за заштита на самиот објект. Вредноста на договорот за грант е во висина од околу 1 милион американски долари, истакна градоначалникот Коњановски.

Со изградбата на овој објект, Битола добива нова зграда на територијалната противпожарна единица, а постоечката продолжува и натаму да работи. Територијалната противпожарна единица ги опфаќа општините Битола, Могила, и Новаци.