Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кај 17 годишник пронајдена марихуана, 84 жена повредена – сосетка фрлила тврд предмет во нејзиниот двор

На 15.07.20205 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2025 во 17.30 часот во СВР Битола, А.С. (84) од Битола пријавила дека во дворот од нејзината куќа во Битола, сосетката на возраст од 52 од Битола фрлила тврд предмет и ја погодила во ногата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.