Вчеравечер започна десеттото јубилејното издание на фестивалот “Харминиките 2025“ во Свечената Сала на Офицерски дом во Битола на која настапија реномирани хармоникаши од државата.
Организаторите на фестивалот Кирил Стојчев и Сашко Савевски на отворањето на фестивалот рекоа дека ги радува што и по 10 години се тука во друштво со битолчани и хармониките.
-Поминаа десет години од првиот фестивал кој го одржавме многу скромно во пациото на Музејот во Битола. Сега сме тука во Офицерски дом во одличен амбиент со многу реномирани хармоникаши. Не би ги споменувал сите кои настапиле во десетте години занд нас, а денес и утре продолжуваме во иста насока, да ги имама на сцена најдобрите кај нас, рече Сашко Савевски.
На Фестивалот, на првата вечер настапија учествуваат Димитриј и Давид Стојчевски, Кирил Стојчевски, Дарко Кулевски, Софија Пуровска вокал, Зисо Пуровски хармоника придружба на Софија Пуровска, Димитар Митрески, Костадин Крстески, Мендо Ташковски и Петар Коштревски на кахон.
Организаторите поделија и благодарници на лица и компании кои со својата помош и настапи помогнале фестивалот да истрае 10 години и од година во година да биде што поуспешен.
Денес на 16 ти јули со почеток од 14 часот ќе се одржи семинар во рамките на Фестивалот “Хармониките 2025“ посветен на Македонската народна музика. Во работниот дел на семинарот учествуваат еминентни универзитетски професори предводени од проф. д-р Илчо Јованов и гостинот од Србија проф. д-р. Зоран Ракиќ.
Вечерва на втората и последна вечер ќе настапат ветераните на харминиките во Македонија, а битолчани ги очекува одличен концерт.
Организаторите на Фестивалот ветуваат прекрасни музички мигови со виртуозите на хармониката.
Фестивалот е дел од “Бит фест“, а почетокот на втората фестивалска вечер е во 20 часот.

Започна фестивалот на “Хармoниките 2025“ во Битола, одлични изведувачи на првиот дел (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










