Синоќа се одржа втората фестивалска вечер од фестивалот “Хармониките 2025“ кој се одржа во Офицерски дом во Битола на кој настапија ветераните на хармониките.
Ова беше 10. јубилејно издание на фестивалот за кое организаторот Сашко Савевски рече дека е успешно и дека овие два вечери го потврдија квалитетот на фестивалот, а на кој во изминатиот период настапија најголемите виртуози на хармоника во Македонија, а битолчани имаа прилика да видат и хармоникаши од странство.
На втората фестивалска вечер во Офицерскиот дом настапија Зисо Пуровски – професор во средно музичко училиште во Битола, Дарко Илиевски – уметнички раководител на “Танец“, Кирил Стојчевски – уметнички директор на „Хармониките“ и професор во ДМУ во Битола, Сашко Велков – двократен шампион во Сокобања, Давид Велков – шампион во Аранѓеловац, Србија, Димитар Митровски – студент на ФМУ во Скопје и Јове Кекеновски професор д-р – трикратен шампион во Сокобања.
Присутните за време на двете фестивалски вечери имаа исклучителна можност да уживаат во одличен амбиент со реномирани хармоникаши.
Организаторите, поделија и благодарници на лица и компании кои со својата помош и настапи помогнале фестивалот да истрае 10 години и од година во година да е се поуспешен.

Во Битола заврши фестивалот “Хармониките 2025“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
More from КултураMore posts in Култура »
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- “Етеричен хербариум“ – изложба на Лидија Стефановска во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Проекции на два филма во чест на Тони Наумовски од Битола на фестивалот “Преку езерото“
- “Ехо од Хераклеја“ концерт на Миле Кузмановски и Камерен оркестар
- Во УКЛО Битола работилница за оригиналниот пристап Science4Reel за комуникација на науката преку креативни видеа (фотогалерија)









