Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ги потпиша договорите со Владата за 65 проекти во вредност од 707 милиони денари

Општина Битола е лидер по бројот на потпишани договори, вкупно 65 по вториот јавен повик од инструментот за капитални инвестиции. Денес, во Владата, градоначалниците на општините ги потпишуваа договорите со соодветните министерства.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти во рамките на пет министерства, од кои, најголемиот број се проекти во Министерството за транспорт – 27, во Министерството за животна средина и просторно планирање – 22 проекти, во Министерството за образование и наука – 12 проекти и по два проекти во Министерството за спорт и во Министерството за култура.

Вредноста на потпишаните проекти е во вредност од околу 707.000.000 денари.

Во првиот повик објавен во септември 2024 година, општина Битола доби 16 проекти, во вредност од околу 230.000.000 денари од Владата, со општинско кофинансирање од околу 45.000.000 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »