Press "Enter" to skip to content

“Пазари“ Битола со засилено одржување на хигиената на централниот и реонскиот пазар

Јавното претпријатие “Пазари“ Битола продолжува со реализација на акциониот план за засилено одржување на хигиената на централниот и реонскиот пазар во Битола. Вработените на ЈП “Пазари“ во координација со припадниците на Противпожарната единица на Општина Битола согласно утврдената динамика вршат редовно отстранување на сметот и миење на пазарите.

Активностите се одвиваат пред и по завршување на продажните часови на пазарите. Дефинирањето и реализацијата на овој акционен план произлезе од потребата наметната од актуелните високи летни температури но и од масовната несовесност на дел од граѓаните кои со девијанто однесување во голема мера придонесуваат за зголемената нехигиена.

Во оваа насока ЈП “Пазари Битола“ ги повикува граѓаните на зголемена свест за одржување на хигиената на јавните пазари, соопштија од ова битолско јавно претријатие.