Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за лекарката од очно за поткуп, повреден малолетник со моторцикл

На 16.07.2025, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода 67 годишна докторка од Битола, вработена во Клиничка болница Битола  поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, казниво по член 357 од Кривичен Законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории кои ги користи лекарката, како и личен претрес врз неа, при што беа пронајдени пари кои потекнуваат од кривичното дело. СВР Битола, до Основното јавно обвинителство, против докторката е поднесе кривична пријава.

На 16.07.2025 во 15.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од патот Битола-ГП Меџитлија со локален пат за с. Оптичари и локален пат за с. Бистрица, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола и патничко возило „опел астра“ со српски национални ознаки, управувано од 61 годишник од Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »