-Синоќа на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола се одржи јубилејниот концерт на “Инструментал бенд“ со кој одбележаа 20 години постоење, а амфитеатарот беше исполнет до последно место.
-Оние кои присуствуваа се забавуваа со музиката на Инструментал бенд и нивните гости Анета Љумаковска, Ѓоко Јовиќ, Николче Мицевски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков и Ламбе Алабаковски, а се славеше македонската музика.
“Инструментал бенд“ е еден од напознатите и најдолговечни музички состави од Битола, кои активно учествува во ноќниот живот на Македонија. Основан е во 2005 година, а нивните настапи се карактеризираат со висока енергичност и професионализам, што ги прави популарни на различни настани, вклучуваки свадби, приватни забави, концерти и настапи во дискотеки.
Никола Тргачевски Кубмата водител на синоќешниот концерт ги најави како бенд која изведува репертоар од “AC/DC“ до Тоше Проевски, а Жарко Стојкоски вокал на “Инструментал бенд“ да ја поздрави публиката со зборовите:
-Мило ми е што заеднички ќе го прославиме нашиот јубилеј 20 години “Инструментал бенд“ и за сите овие години овој бенд е познат по своот широк репертоар кој вклучува народна, забавна, поп-рок, македонска и странска музика. “Инструментал бенд“ настапува на различни настани како свадби, приватни забави, концерти и дискотеки, а овој концерт треба да го одбележи нашето 20 годишно постоење и ќе биде различен од се досега. Вечерва ќе настапиме со друг репертоар, ќе ги изведеме нашите авторски песни и песните на нашите гости. Нашите авторски песни кои 20 години се пејат низ Битола и низ Македонија. Ќе ги споменам песни “Дојди на гости“, “Стара кола, романтика“, “Ме остави“, “Чекор по чекор“, “Очи пуне суза“…
За да продолжи:

-“Инструментал бенд“ е основан е во 2005 година,и во тој период бендот внесе нова енергија и свежина во музичката сцена, комбинирајки традиционални и модерни звуци. Од почетоците 2005 година во групата се Александар Коте Котевски и Михајло Манојловски (клавијатури). Горан Трајковски (дувачки инструменти Жарко Стојкоски (вокал) во групата од месец март 2017, Никола Сторановски (гитара) во групата од 2013, Кире Мулоски (тапани) во групата од 2022.
Честитки за 20 години јубилеј им честитаа балканските ѕвезди Саша Ковачевиќ, Жељко Самарџиќ, Џорџе Давид, “Амадеус бенд“… кои ги поздравија преку видео.
Концертот го започнаа со нивните авторски песни “Дојди на гости“ и “Стара кола, романтика“ за потоа да настапат и нивните гости пејачи со кои наастапуваат на различни настани.
На концертот им се оддаде и почит на загинатите музичари од ДНК во пожарот кој се случи во дискотеката “Пулс“ во кочани на 16 март, а и на Сара Трајковска која им беше придружен вокал на песната „Ме остави“. На крај сите изведувачи кои настапија на концертот ја изведоа песната “Ако утре ме нема“ додека публиката на нозе, пееше и направи ѕвездено небо оддавајќи почит за сите жртви на кобниот ден во Кочани.
Битолчани имаа добра забава со групата, а за тоа придонесоа и гостите на “Инструментал бенд“: Анета Љумаковска, Ѓоко Јовиќ, Николче Мицевски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков и Ламбе Алабаковски.
Како и сите нивните настапи по кои се познати за нивното 20 годинишно постоење, по создавањето на весела и динамична атмосфера, синоќа со својот јубилеен концерт ја оправдаа својата силна репутација дека се еден од најпознатите бендови во Македонија. Ова го постигнале со својата посветеност, талент и љубов кон музиката за сите овие 20 години постоење. Им посакуваме уште голме број концерти и јубилеи.
Жанета Ристевка










