-Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски, соопшти денес претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Куновски е вработен во РЕК “Битола“, а работел како новинар и уредник во ТВ “Орбис“.
По поразот на СДСМ на парламентарните избори во 2024 година е назначен за претседател на Општинската оорганизација на СДСМ во Битола.






