На 18.07.2025 во 01.00 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Климент Охридски” во Битола, четири лица на возраст од 22 години и едно лице на 21 година сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 18.07.2025 во 02.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Игњат Атанасовски” во Битола, 21 годишен жител од Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и дрско однесување. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.






