Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата на Атанас Нашоку – Саку “Фотоспоменар Илинденски денови 1973-1983“ (фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата на фотографии на битолскиот фото-мајстор, Атанас Нашоку – Саку од Битола, “Фотоспоменар Илинденски денови 1973-1983“, фотоспоменар за едно време, за љубовта кон традицијзата, за стремежот за вечен тек на уметноста расцутена во традицијата.Изложбата е ретроспективна, а низ објективот на еден сведок, во случајот, битолчанецот Саку,  ја раскажа магијата на првите децении на фестивалот “Илинденски денови“. Тони Гламчевски зборувајќи како уводничар на свеченото отворање рече:Од денес до предвечерието на Илинден – големиот празник на македонскиот народ, Битола и битолчани се домаќини на  70 фестивалски настани: како промоции, изложби, семинари, каравани, улични настапи и концерти, Четвртото издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, и се разбира срцето на „Илинденски“  Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Вечерва сме тука во свечената сала на Офицерскиот дом, во чест на отворањето на изложбата на Атанас Нашоку Саку “Фотоспоменар Илинденски денови 1973-1983“. Можеме да речеме дека фотографиите кои вечерва се изложени, низ објективот на еден фотоапарат и вештината на овој фотограф ни прикажуваат само дел – десет години од 55 годишната ризница на Илинденски денови, портрети на учесници, моменти од сцената. Саку е еден од култните битолски ликови, кои оставиле и се уште остава траен белег во историјата на нашиот град и неговата уметност.Едноставно, јасно, брилијантно чисто, запрената слика, за којашто чувствувате како да тече, го чува чекорат на орото, везот на носијата, емоцијата на ликовите запишана во зборот на телото и топлината која како да извира погледите на игроорците, музичарите и вокалните интерпретатори.За изложбата и авторот зборуваше м-р Валентин Соклевски кој кој и ја прогласи изложбата за отворена:-Човекот како хомо сапиенс живеел создавајќи или создавал живејки. Врвните вредности на вековното творештво низ природна селекциа си го најдоа патот до денешнината. Фестивалот “Илинденски денов9“ низ 55- годишното креативно егистирање создаде цена на која духовните и материјалните вредности автентично се реактуелизираат од страна на луѓето кои го посветиле своот живот во чување, негување и афирмација на традицијата. Атанас Нашоку – Саку низ каледоскопот на соствениот талент, стручност и уникатно чувство за истакнување на вредносната убавина со своот фотоапарат, создаде фотоспоменар за едно време, за љубовта кон традицијзата, за стремежот за вечен тек на уметноста расцутена во традицијата.Авторот, како и секогаш кога се отвораат негови изложби, и овој пат не им се обрати на присутните, туку остави фотографиите да зборуваат.Атанас Нашоку – Саку е роден 1946 година во Битола, арт фотограф, од 1980 година член на ДУМ – применета уметност – фотографија, има издадено 13 фотомонографии, реализирал 10 самостојни изложби, 20 години ги овековечувал театарските претстави и повеќе од една деценија создавал фотографски споменици од традиционалните убавини презентирани на фестивалот “Илинденски денови“Мод каде  создаде фотографии навезени со традиционална убавина кои денес ни ги подари нам, а од утре ќе ги преземе вечноста како наследство за идните генерации.-Со својата духовна широчина Атанас Нашоку – Саку како никогаш да не сакал себеси да се ограничува само во одредена област, туку сакал своата духовност да ja прошири на разни полиња вклучувајќи го тука и уметничкото и креативното во него. Неговата љубопитност го натерала да трага по предизвиците на магичното што ги носи фотографијата и уметничкото длабоко скриено во неа и како скриена љубов и како авантура. За него фотографијата како да е мала галаксија, волшебна планета на скриените тајни на една поинаква вистина, свет што го маѓепсал и го одредил неговиот уметнички сензибилитет лабоко да ја допре душата на гледачот и фундаментално како да сака да му докаже дека постои поинаков поглед на светот. Фотографиіата, за ово мајстор на фотографизата е одраз, но и негов препознатлив израз, ќе напише Панде Манолов во неговиот труд “Небесната галаксија од фотографии на Атанас Нашоку – Саку“ објавен на  Научен собир“Битолските фотографи и битолските фотоателја“ во 2014 година и ќе заврши.-Фотографиите на Атанас Нашоку – Саку не можат да се наречат продукција на времето кога го овековечувал мигот на живата или мртвата природа, туку тие се уметнички фотографии полни со уметничка бескомпромисност, шарм и оригиналност. Секогаш иновативни, збруват за се…, а тоа и се докажа на неговата последна фото изложба во Битола.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »