На 21.07.2025 во 02.06 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 67 годишно лице со престој во с. Жабени, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
Исто така, на 20.07.2025 во 20.30 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода 51 годишник од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.
Лицата веднаш се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.






