“Голд Фелиција“ деновиве го прослави својот 4. роденден во просуство на околу 1.000 гости, кои имаа ретка прилика да гледаат извонредна програма, специјално македонско кабаре – шоу со артисти и изведувачи од “Голд Фелициа“. Специјални гости членовите на ансамбалот на КУД “Илинден“ од Битола.
Меѓу големиот број поканети гости беше и Litsa Palama грчка телевизиска водителка со повеќе од 20 години искуство во емисии за забава и туризам, која исто така работи во маркетинг и активно е вклучена во социјалните мрежи.
Litsa Palama се забавуваше и уживаше во шоуто, снимаше видеа и известуваше. Низ нашиот разговор со неа таа ни кажа:-Искрено сум благодарна, што тука во “Gold Felicia“ не сум само гостинка, туку и што бев пречекана како пријателка. Луѓето од “Gold Felicia“ веќе не се само соработници — тие сега се дел од моето пошироко семејство, и додаде:
-Роденденската прослава на Gold Felicia претставува навистина извонреден настан. Од спектакуларното кабаре шоу со моќни живи вокали и прекрасна кореографија, до префинетото гостопримство — сé беше извонредно. Особено впечатливо беше вклучувањето на традиционални културни елементи, кои и дадоа автентичност и шарм на оваа вечер. Енергијата, елеганцијата и вниманието кон деталите беа на највисоко ниво. Вдахновувачки е да се гледаат вакви настани од висока класа во регионот, и се радувам на идни креативни соработки кои ќе ги доближат нашите култури.
-Со години ја посетувам Битола, и професионално и за одмор — и со секоја посета се чувствувам сè повеќе поврзана со овој прекрасен град. Битола има посебно место во моето срце, а Gold Felicia стана една од моите омилени дестинации на Балканот — место полно со елеганција, енергија и душа.
Litsa Palama присуствуваше на забавата со јутјуберот Tolis Tsiroudis и тие заедно воодушевено ја следеа програмата и снимаа видеа кои се ширеа на социјалните мрежи.Нашиот тим воспостави професионална соработка со нив која ќе продолжи со размена на содржини и информации кои би биле интересни медиумски за читателите во Битола и регионот Кожани во северна Грција.
Жанета Ристевска