На 21.07.2025 во 17.18 часот, во СВР Битола било пријавено дека ул. „Караорман” во Битола во близина на надвозникот од патот Прилеп-Ресен настанал пожар на товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки сопственост на 48 годишно лице од Битола.
Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, при што повредени лица нема, причинета била материјална штета.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.






