Press "Enter" to skip to content

“Да затрусаме“ концерт на КУД “Илинден“ од Битола на “Илинденски денови“ (фотогалерија)

Синоќа во рамките на 55. фестивал “Илинденски денови“ во Битола се одржа концерт на КУД “Илинден“ насловен како “Да затрусаме“. Играорците на КУД “Илинден“ од Битола, придружени од нивниот оркестар се претставија со изворни ора и песни од Источните предели – Славиште, Пијанец, Овче Поле и Малешево.

Традицијата ќе затропа во чекор, а душата ќе заигра со нас, порачаа од КУД “Илинден“, а во тоа и успеаја бидејќи од бројната публикаа добија огромен аплауз, како и секогаш и секаде кога настапува овој наш, битолски, реномиран, фолклорен ансамбл.Тоа “Илинден“ секогаш го прави со чекор што чува спомен и со игра што зборува гласно.КУД „Илинден“ ја носи душата на фолклорот на сцена, 70 години, 70 факти. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »