Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Вододов“ Битола со известување за потрошувачката на вода, 700 литри во секунда, и апел за рационално користење

ЈКП “Водовод“од  Битола, со известување за потрошувачката на вида и со апел до битолчани да се користи рационално водата за пиење. 

-Ги информираме сите корисници дека поради високите температури, потрошувачката на вода во водоводниот систем на ЈКП “Водовод“ – Битола е драстично зголемена и надминува 700 литри во секунда. Како резултат на тоа, притисокот во системот е намален, што предизвикува проблеми со водоснабдувањето, особено на критичните и повисоките делови од градот.

Апелираме до сите корисници за рационално користење на водата, односно да се користи само за основни потреби : Пиење, лична хигиена и готвење.

Исто така, ги потсетуваме граѓаните што живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки за обезбедување соодветен притисок.

Ви Благодариме на разбирањето и соработката, ЈКП “Водовод“ – Битола.