Press "Enter" to skip to content

Во Битола и денес многу топло, температурата до 40 степени

Денес, петок, 25 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 40 степени.

Утре, сабота, 26 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 40 степени.