Денес во Клиничка болница – Битола им посакаа топло добредојде на нови десет колеги – приватните специјализанти кои по успешно завршениот конкурс сега стануваат дел од тимот на битолската болница.
Младите лекари на кои Владата им даде вистинска шанса да ја започнат својата професионална кариера дома – во служба на здравјето на граѓаните имаа средба со директорката д-р Ненси Лозанче.
-Ова е уште еден чекор кон зајакнување на јавниот здравствен систем и кон обезбедување поквалитетна и подостапна здравствена услуга за сите. Клиничка болница – Битола активно работи на тоа да ги задржи младите кадри и да создаде услови во кои тие ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе останат да ги лекуваат нашите граѓани тука, во својот град и татковина. соопштија од Клиничка болница – Битола.






