На 25.07.2025 во 01.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Долно Оризари, битолско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на К.Д. (26) од с. Кукуречани, битолско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. За настанот е запознаен јавен обвинител, додека увид извршила екипа на СВР Битола.
На 24.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во 20.10 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, две лица на возраст од 64 и 30 години, двајцата од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






