Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 39 степени

Денес, сабота, 26 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 39 степени.

Утре, недела, 27 јули, во Битоа, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец. Температурата во Битола до 37 степени.