-Вешерва на сцената на платотото пред Офицерски дом во Битола, вечерва започна 55. издание на фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”, а како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола.
–Овој фестивал формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903, како смотра на фолклорот во националните граници.
“Илинденски денови”, повеќе од пет децении се културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. Над 1.300 гости од Македонија, Полска, Мексико, Хрватска, Индонезија, Грузија и за прв пат од Швајцарија, ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена.
На церемонијата фестивалот за отворен го прогласи потпретседателката на Собранието како покровител на “Илинденски денови“ Весна Бендевска, која рече:
-Уште од далечната 1971 годин па се до денес фестивалот “Илинденски денови“ успешно ја реализира својата основна мисија да го промовира кулурното наследсство во сиот свој раскош во најразлилни форми., мизуката, танцот, ритуалите… Федтивалот посветен на големиот Илинден и втемелен врз народниот гениј и е целосно насочен кон промирањето на домашната култура. Битола градот под Пелистер, градот каде градската саат кула ги мери вековите, градот на конзулите и клавирите, гладот на преубави вековни цркви и импозантни џамии, градот на пајтоните, градот на Широк Сокак кој проморирал и ала-турка и ала-франка мода, деновиве ќе сјае со величествен сјај. Битола ќе живее и пулсира во звуци и танци од сите краишта на светот и ќе доживее деновиве вискинска експлозија на бои и традиционални носии. Битола ќе го промовира автентичниот автохтон македонски фолклот со звуците на зурлите и тапаните, кавалите и гајдите во единствениот седум-осмински такт, Битола е градот кој промовира дух на пријателство, заедништво, прифаќање на разликите, љубов…
Во име на општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски.
-Оваа вечер е посебна гордост за сите нас, а за мене посебна чест што имаа чест да ви посакам добредојде да ви посакам добредојде на официјалното отворање на 55. издание на фестивалот “Илинденски денови“, по што е препознатлива нашата Битола. Фестивалот кој веќе пет и пол децении ја изразува душата на Битола и жив мост помеѓу минатото и иднината. Овие денови до 31 јули Битола е претворена на отворена сцена со повеќе од 1.300 учесници и е центар на светскиот фолклор и простор за дијалог помеѓу културите. Од најпропознатливиот белег на фестивалот, дефилето со песни и игри низ битолските улици, преку “комитското“ па се со семинарите, фестивалот никого не остава рамнодушен. Тоа што го правиме денес ќе остане утре за нас, за нашите деца и внуци, за генерациите кои доаѓаат. Токму затоа годинашниот слогај јасно ја отсликува идејата на “Илинденски денови“ и ја претставува нашата обврска да го пренесеме знаењето и традицијата на оние после нас.
Новоназначениот директор на НУУБ Центар за култура, Сашо Илковски рече:
-Ми претсравува чест што оваа година ја имам привилегијата да го отворам овој значаен културен наста, кој повече од половина век е симбол на традицијата, сплотеноста и културната разноликост. Во денешно време кога светот се менува брзо токму ваквите настани не потсетуваат на корените, на вредностите и на убавината на македонскиот и интернационалниот фолклор, на песната, играта, на носијата, на зборот. “Илинденски денови“ не е само фестивал, тое е емоција, наследство и залог за иднината, како што го насловивме и годонашното мото на фестивалот и го нарековме денес за утре. Им благодарам на сите оние кои се дел од оваа убава приказна од 1971 година, а најмногу на публиката која била секогаш со нас. Да го прославиме Илинден со песна и игра.
Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот. “Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина.
Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на CIOFF.
Пред официјалното отворање на фестивалот КУД “Илинден“ го изведе “Комитското“ во придружба на ансамблот на друштвото.
Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.
Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови, со одлчина претпрограма која опфаќа етнографски филмски фестивал, детски работилници и изложби, кои заедно со камерните и големите концерти прават бројка од 70 настани.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска











