Press "Enter" to skip to content

Хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер за прв пат во Македонија, во Битола со Камерен оркестар

Хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер, ќе настапи за првпат во Македонија како специјална гостинка на спектакуларниот концерт на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect Flowers Symphony, кој ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет Хераклеjа, Битола.

Ана Руцнер е уметничка со повеќе од 1000 настапи во над 30 земји ширум светот. Добитничка е на над 30 домашни и меѓународни признанија, позната по својот иновативен и уникатен пристап во изведбата на класичната музика, која ја збогатува со модерни и етно елементи. Нејзините настапи се вистинско музичко и визуелно доживување – хармонија меѓу традицијата и современото.

Публиката во Битола ќе има ретка можност да ја доживее магијата на Ана во живо, со нејзиниот впечатлив сценски настап и музика која допира до срцето. Нејзината кариера опфаќа соработки со имиња како José Carreras, Peter Soave и Muye Wu, настапи на светски фестивали и настани, како и претставување на БиХ на Евросонг 2016.

Покрај нејзините концерти, Ана е и амбасадорка на хрватската култура и туризам, со многубројни наградени музички видеа и хуманитарни ангажмани. Во Кина важи за ѕвезда со бројни настапи на врвни фестивали, вклучително и на Глобалната новогодишна гала во Пекинг со над 150 милиони гледачи.

Flowers Symphony претставува совршен контекст за нејзиното деби во Македонија – насловен концерт што слави љубов, уметност и природна убавина, а Ана Руцнер е токму симболот на таа синергија. Присутните на Flowers Symphony покрај Ана Руцнер ќе имаат можност да ги слушнат и нашите Виолета Арсовска, Јаворка Витанова, Марина Коруновска и гостинката од Косово Зана Абази Рамадани која неколку пати има настапувано со Битолски Камерен Оркестар.

Карти во продажба на https://yournextevent.info/events/flowers-symphony и во Тобако Димпо. Не ја пропуштајте оваа неповторлива можност – 30 јули, 21:00 часот, Хераклеjа – кога светската музичка ѕвезда ќе ја испише својата прва симфонија во Македонија!

More from КултураMore posts in Култура »