Денес, недела, 27 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Температурата во Битола до 36 степени.
Утре, понеделник, 28 јули во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен. Температурата во Битола до 33 степени.






