Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта

На 27.07.2025 во 02.40 часот, на ул. „Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 34 годишник од Битола. 

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „форд” со битолски  регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.