-Големото дефиле низ Широк Сокак во Битола за “Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.
Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот, ова 2025 лето Господово, “Илинденски денови“ во Битола, вчера започна по 55 пат, точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот, кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.
Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев. 
По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, до нив беа Русалиите – чуварите со секири на Исус Христос, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“.
Во Битола ќе има над 1.300 гости од Македонија, Полска, Мексико, Хрватска, Индонезија, Грузија и за прв пат од Швајцарија.
Сите тие ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена, а и во околните градови и општини.
Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани.
Тука беа и нашите сограѓани од дијаспората, кои направија илјадници фотографии, селфи и видеа, кои во реално време ги испраќаа кај своите роднини, пријатели, другари.. дома, во странство.
Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Дамијана Ристевски, која за големиот јубилеј, 55 години “Илинденски денови“, фотографира и подготви 100 фотографии.










