-Посебно ми е мило да се навратам на “Илинденски денови“ во Битола како дел од фестивалот, како еден од основачите и како водител кој најдолго бил во тоа својство на овој наш битолски фестивал, па така и за пред 10 години, кога го следев фестивалот “полупрофесионално“, како гледач, како хроничар, а најмногу како носталгичар, започна со своите сеќавања за пред 10 години Димче Миновски – хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Како од 1971 година, така и во 2015 “Илинденски денови“ започнаа со дефиле по амбиенталниот Широк сокак и изведба на традиционалното оро “Комитско“, а потоа, повторно традиционално и “Русалиите“ беа дел од програмата на 45. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри.
-Фестивалот “Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на автентичната фолклорна традиција. Не случајно овој фолклорен фестивал се одржува во очи на големиот и најсвет македонски празник Илинден. Фестивалот “Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција, најдоследно и највистински ја претставува Македонија и големата Гоцева идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, рече во име во името на градот домаќин, градоначалникот на Општината Битола Владимир Талески.
Пратеникот Зоран Илиоски, во име на главниот покровител, Собранието на Република Македонија, го отвори фестивалот и нагласи дека фестивалот “Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на автентичната фолклорна традиција.
Во името на организаторот НУ Центар за култура – Битола, директорот Борче Димитровски, и притоа ја потврди поддршката на идејата на основоположниците на фестивалот која
датира од 1971 година и дека “Илинденски денови“ се стожер за духовно поврзување на Македонците од цел свет, но и мост за соработка со светската културна традиција.
Во четирите фестивалски денови во Битола продефилираа околу илјада учесници, членови на културно-уметнички друштва од државата, ансамблот “Македонка“ од Торонто, Канада и гости од Полска, Романија, Италија, Хрватска и Србија, кои на плоштадот “Магнолија“ приредија незаборавна интернационална вечер.
Во рамките на Фестивалот “Илинденски денови“ се одржаа повеќе манифестации, работилница и изложба по повод јубилејот 40 години Државна изложба на детски ликовни
творби на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Деновиве пред 10 години: како во Битола беа отворени “Илинденски денови“ во 2015 (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: за првпат извршено стентирање на периферните крвни садови на нога во болницата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Мегленци се снимаше долгометражниот игран филм “Скршено“ (фотогалерија)
- Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола










