На 29.07.2025 во 18.20 часот во СВР Битола, С.Б. (36) од Битола пријавил дека на работното место во Казнено – поправната установа Затвор Битола во пијалокот кој го пиел му била истурена непозната течност, при што почуствувал јак и непријатен мирис и вкус. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 29.07.2025 во 08.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Мост“ на река Лажечка, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија пронашле три експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за две неексплодирани и една експлодирана граната калибар 75мм, кои потекнувале од Првата светка војна.






