Денес, четврток, 31 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, посвежо и со локален дожд. Температурата во Битола до 26 степени.
Утре, петок, 1 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.






