Press "Enter" to skip to content

Камерен оркестар Битола со нов прекрасен концерт “Flowers Symphony“ во Хераклеја, дождот пред крајот го прекина уживањето (фотогалерија)

-Со Камерен оркестар Битола пред 3.000 битолчани и гости од други граодови и странство настапи и хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер како и Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и гостинката од Косово Зана Абази Рамадани. Камерниот оркестар од Битола вечерва одржа величествен концерт во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, на кој за прв пат во Македонија настапи како специјална гостинка и хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер насловен како “Flowers Symphony“.На концертот присуствуваа и околу 3.000 публика, која уживаше со сите сетила, но за жал дождот кој кратко заврна го прекина концертот, а љубителите на музиката останаа “скратени“ за неколку изведби и секако музичарите “се спасија“ од враќање на сцена, што ќе беше сигурно направено повеќе од еднаш. Но потоа музичарите се вратија на сцена и уживаа во одличните музички нумери.

Хрварката Ана Руцнер со своето виолончело се покажа како одличен уметник, а ова секако ќе го запамети меѓу своите повеќе од 1.000 настапи во над 30 земји ширум светот. Таа е добитничка е на над 30 домашни и меѓународни признанија, позната по својот иновативен и уникатен пристап во изведбата на класичната музика, која ја збогатува со модерни и етно елементи.Публиката ги виде нејзините настапи се вистинско музичко и визуелно доживување – хармонија меѓу традицијата и современото и имаше ретка можност да ја доживее магијата на Ана во живо, со нејзиниот впечатлив сценски настап и музика која допира до срцето.Присутните на “Flowers Symphony“ покрај Ана Руцнер имаат ретка можност да ги слушнат и нашите Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и гостинката од Косово Зана Абази Рамадани која неколку пати има настапувано со Битолски Камерен Оркестар.

Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »