Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел до граѓаните на Битола за претстојниот музички спектакл во недела

Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на  Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски “во Битола, каде се очекуваат илјадници фанови да уживаат во електронската магија на светската музичка икона – Армин Ван Бјурен, СВР Битола упатува апел до возачите :

-Заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, ги замолуваме граѓаните на Битола да се воздржат од управување на своите патнички возила тој ден , а особено ноќта на спектаклот. Исто така, упатуваме апел до сите возачи учесници во сообракајот да ги почитуваат посебните сообраќајни правила и да ги следат насоките на полициските службеници за паркирање.

Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани и да се воздржиме тој ден од управување на моторни возила со цел непречено одвивање на сообраќајот и реализација на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »