Фестивалот “Илинденски денови“ во Битола е препознатлив и по првото оро кое традиционално се игра на почетокот пред свеченото отворање, а тоа е во избедба на најстарото играорно друштво од Битола “Илинден“, во кореографија на Валентин Соклевски, кој потекнува од Гени Мале во Битола.
На сцената на “Илинденски денови“ во Битола изминатите години многу нивни членови и членки го одиграле ова оро и сигурно со гордост се сеќаваат на тој наста.
За сите кои го играле “Комитското“, за оние кои го гледале, но и за оние кои се уште не ја виделе оваа изведба, ние се потрудивме преку фото-приказна од 21 фотографија да ги доловиме најдоброто од изведбата.
Фотографии: Сашо Ристевски