Денес, недела, 3 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Битола до 32 степени.
Утре, понеделник, 4 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 29 степени.






