Press "Enter" to skip to content

Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)

-Моќни визуализации, неверојатни визуелни ефекти, ласерски шоуа, пиротехника и публика обединета од ритамот, Битола за прв пат во својата историја доби настан со “А“ класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.Синоќа на Градскиот стадион “Петар Милошевски”  под Тумбе кафе во Битола харизматичниот Armin Van Buuren приреди спектакл на кој емоциите се среќаваа со енергијата на музиката, при што публиката доживеа емотивно патување со сите сетила.Концерт во рамки на Бит фест кој траеше повеќе од 6 часа, претставуваше целовечерна програма со ДЏ сетови на која, покрај Armin Van Buren, настапија артистите Laura Van Dam, Cyrillic и Sempre.Кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren кој има децениско искуство и длабока љубов кон жанрот, синоќа со својот моќен сет настап пред публиката во Битола, докажа дека е на врвот.

Со еден збор тој приреди спектакл за сите сетила со моќни визуелизации, повеќе од 2 и пол часа часа чиста транс поезија, сетлиста со хитови, ретки идентификации и мashups што ја
воодушевија публиката.Концертот беше енергија, емоција и музичко патување со визуелни ефекти кои пулсираа под секој бит и ритам правејќи ја музиката во живи бои.Со секоја изведба Armin Van Buuren интерактивно ја набљудуваше публиката,со суптилни промени во темпото во движење и монтажи во живо за да го зголеми емоционалниот набој и доживување.Секое ласерско движење и визуелен пулс го отсликуваа ритамот – како сцената да ја вдишуваше песната во реално време.

Вечер со Armin Van Buuren е повеќе од концерт- тоа е прослава на животот, музиката и поврзување преку звук. Оние кои присуствуваа ја почуствуваа музиката со сите сетила, танцуваа во ритамот и се „изгубија“ во музиката, звукот и неверојатните визуелни ефекти.Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »