Press "Enter" to skip to content

ОЈО Битола бара притвор за дилер од Битола, продавал дрога од октомври 2024

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1  во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина кој не се користи полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.