Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: 29 годишна жена паднала од трактор, тешко повредена

На 10.08.2025 во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30 годишниот од село Острец, битолско, управувал трактор “тафе“ со приколка, неговата сопатничка на возраст од 29 година од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.