Во Офицерски дом во Битола свечено беше отворено второто меѓународно биенале на минијатурна уметност ИМБМ Битола 2025. Биеналето е организирано и реализирано од нејзиниот раководител Владо Ѓорески, кустос и графичар кој што воедно е и раководител на Меѓународното графичко триенале Битола.
Оваа година застапени се околу 600 автори, со околу 800 дела од повеќе од осумдесет држави, а според уметничкиот израз на пристигнатите дела, станува збор за една од позначајните ликовни манифестации во меѓународни размери.
Второто биенале на минијатурна уметност веќе е позиционирано во релевантните ликовни случувања и е одредница за современите уметнички текови во светот. После Битола, биеналето ќе биде презентирано во Грција, Србија, Романија а во преговори е и со Полска затоа што свое учество имаат над сто полски автори.
Биеналето го отвори д-р Драган Ристевски, галерист, кој што истакна:
-Очигледен е растечкиот интерес од страна на уметниците ширум светот, што потврдува дека Биеналето и Битола стекнуваат афирмација и респект, како и желба кај авторите да бидат дел од оваа меѓународна уметничка средба. Концептот на Биеналето – мал формат, е намерно избран, бидејќи им овозможува на уметниците да се изразат чисто, неоптоварено, импулсивно и слободно.
На самото свечено отворање, постхумно беше доделана специјална награда на битолскиот ликовен уметник Ранко Струмениковски за неговиот придонес во развојот на современата ликовна уметност и графика во Македонија. Наградата ја прими Тања Струмениковск Ристевска, ќерка на уметникот.
Специјална награда е доделена на Гоце Божурски за истакнати креативни изразувања особено во минијатурната уметност, реализирана и преку неговиот циклус создаден од 1.000 графички дела- „Илјада и една љубовна приказна“.
Биеналето издаде и обемен каталог на 950 страници проследено со есеистички текстови на Владо Ѓорески.

Отворено второто меѓународно биенале на минијатурна уметност во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Убавината како став“ настан што го слави женското претриемништво во Битола (фотогалерија)
- Пелистер во Битола со +30 му врати на Куманово за поразот од Купот во најдоброто издание сезонава (фотогалерија)
- СВР Битола: приведени две лица, едниот возел 101 км/ч дозволено било 50, вториот физички ја нападнал сопругата
- Марјан Неделкоски координатор на Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Битола
- Нова победа за АК Олимп: Бојан Чаприќ најбрз на 5 километри во Кавадарци
More from КултураMore posts in Култура »
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“
- “Засекогаш во срцата“: традиционален концерт во чест на Тоше Проески со оркестарот “DIVA“ и солисти во Битола
- Меморандум за поддршка на македонски музички таленти










