Бројните и чести дефекти на водоводната линија од Неолица до Битола, позната како “Дванаесет Кладенци“ денеска по тридневна активност беа отстранети од екипа на ЈКП “Водовод“ од Битола.
-Во прашање беа технички проблеми кои се од постар датум, а кои треба да се контролираат редовно, рече Пеце Петковски – раководител на екипата.
Во екипата на ЈКП “Водовод“ – Битола покрај Петковски беше во состав, Стевче Стефановски, мајстор, Горги Нонкуловски – геометар, Рифат Мемедовски -работник.
На екипата од “Водовод“ им помагаа и тројца битолчани со свои информации за каналската мрежа и локацијата на шахтите, Борче Раповски, Илче Белџигеровски и водичот Драган Ристевски.
Инаку, водоводот “Дванаесет Кладенци“ своевремено го одруваше ЈНА, потоа АРМ, бидејќи со чиста вода се обезбедуваше Битолската касарна, а дел од тој водовод оди и за чешмата кај познатото излетничко место Смолево, каде битолцани редовно рекреираат.
С.Ристевски











