Денес, сабота, 16 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 32 степени.
Утре, недела, 17 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени.






